Животна училница // Приказни
Што е тоа што само Шеќеринска го носи, а другите двајца политичари го немаат на себе?

Токму деталите се
тие кои скоро секогаш можат да го одвлечат вниманието. Дури и најситните.
Посебно модните детали. Нашите политичари претежно внимаваат на овие нешта, па
најчесто можеме да ги видиме со некој убав часовник, гердан, чевли, чанта...
Ама не и бурма- венчалниот прстен. Се разбира, не значи дека таквиот накит секогаш треба да се носи, ама овие наши политичари скоро и да не ги носат... Не сите! Од издвоените, можеби моментално најмоќните политичари кај нас, Радмила Шеќеринска секогаш ја носи бурмата и нема ниту еден друг прстен на раката.