„Што сакаш прави“ – фраза која боли: Знаци дека сте пораснале со пасивно-агресивен родител

Детството е период кога детето не само што го учи светот, туку уште поважно – се учи себеси низ очите на своите родители.
Доколку тие очи се полни со нежност, трпение и искреност, детето гради чувство на сигурност и доверба. Но, ако се полни со премолчени пораки, тивки замерки и емоционални манипулации, детето расте во возрасен човек што постојано ја преиспитува сопствената вредност.
На Инстаграм профилот @psihologzavelikeimale, псхолог неодамна објави пост кој стана вирален – список од индикативни однесувања што откриваат дали сте растеле со пасивно-агресивен родител.
„Работи што сакаш“ – зборови што звучат слободоумно, но се полни со вина
На прв поглед, оваа реченица остава впечаток на слобода. Но, кога детето ја слуша, тоа не слуша дозвола – туку пораката: „Не ме интересира“, „Ако погрешиш, сам/а си виновен/на“, „Не очекувај поддршка“. Детето учи дека емоциите не се безбедни, дека искреноста е ризична и дека љубовта носи скриена цена.
Знаци дека сте растеле со пасивно-агресивен родител:
- Ве уверувале дека не се лути, иако однесувањето им кажувало спротивното.
- Кога биле навредени, наместо разговор, ве казнувале со тишина.
- Се однесувале ладно кога ќе им споделите нешто важно за вас.
- Јавно потсетувале на ваши грешки за да ве посрамат.
- Поставувале прашања што ве правеле да се чувствувате непријатно.
- Се претставувале како жртви, за да се чувствувате виновни.
- Ве „фалеле“ така што истовремено ве потсетувале на вашите слабости.
Последиците?
Психологот предупредува дека ваквото воспитување остава длабоки траги:
- хронична несигурност,
- тешкотии во градење доверливи односи,
и – најтешко – пренесување на истиот шаблон врз сопствените деца.
Ако се пронајдовте во овие редови – не сте сами. Препознавањето не е слабост, туку првиот чекор кон заздравување.