Синот Никола го испратила на пат и 12 години тагувала по него мислејќи дека е мртов - а потоа заѕвонил телефонот: Нејзиниот сопруг умрел од тага, а таа доживеала чудо

Добивај вести на Viber

Кога изгубила секаква надеж, се случило најголемото чудо. Џојс Кертис реши својата неверојатна приказна да ја сподели со светот преку британските медиуми! И таа расплака многумина. Имено, откако долго време мислела дека нејзиниот син е мртов, бидејќи го немала видено 12 години, добила повик, а од другата страна на линијата го слушнала гласот на синот!

Џојс Кертис од Шкотска верувала дека нејзиниот син Никола починал затоа што не го видела или слушнала од 2010 година. Последното нешто што знаела за него е информацијата дека тој патувал со автостоп во Франција и Шпанија, додека за време на пандемијата се плашела дека се разболел и го загубил животот, пишува Daily Mail.

Таа веќе одамна го „тагувала“ кога на 19 декември 2022 година добила телефонски повик во кој и било кажано дека е жив и е во болница на југот на Франција. Прво одговорила медицинската сестра, а потоа и проговорил синот.

„Не можев да верувам. Мислев дека е мртов поради Ковид и се што се случуваше. Тагував по него. Кога ми се јавија да кажат дека е жив, бев во шок. Сè што можев да направам е да плачам цел ден. Тоа ми го направи Божиќ подобар, особено откако мојот сопруг почина во јуни“, рече таа во видеото објавено на Фејсбук.

Никола остана без работа, па сакаше да патува

Агонијата на семејството започна во средината на 2000-тите кога Никола го напушти родниот град Глазгов да патува низ Европа, откако ја загуби работата како столар.

Наскоро го губи контактот со семејството, а Џојс верува дека поминал некое време живеејќи на улиците на Париз.

Таа решила да го пријави како исчезнат во 2009 година бидејќи долго време немала слушнато за него.

Една година подоцна, Џојс го контактирала британскиот конзулат во Париз за да ја извести дека Никола е примен во болница во Франција. Таа веднаш долетала да го посети со сопругот, но тоа бил последен пат да го виде во таа деценија.

„Во 2010 година добив писмо дека Никола е во болница во Франција. Дотогаш тој веќе некое време го немаше. Веќе го пријавив како исчезнат овде во Глазгов претходната година, откако со години не се слушнав со него. Јас и мојот сопруг отидовме да го посетиме и ми беше многу убаво да го видам. Го донесовме дома, но поради некоја причина, не знам зошто, само повторно исчезна“, изјави Џојс за медиумите.

Во болницата ѝ било кажано дека Никола ќе биде испратен дома кога ќе закрепне, а таа нетрпеливо го чекала.

Уште едно исчезнување - за 12 години и нов повик од Франција

„Кога бев на гости кај него во Франција, му купив чевли и други работи за да има облека за патување дома. По враќањето го чекав, но тој никогаш не дојде. Се сеќавам дека тој ден врнеше. Се јавив на сите аеродроми да видам дали се качил на летот, но не добив никакви информации. Никогаш повеќе не слушнавме ништо“, објасни мајката.

Џојс потоа ја добила шокантната вест дека нејзиниот син е жив 12 години подоцна, кога британскиот конзулат ја контактирал по втор пат, повторно ѝ кажал дека нејзиниот наследник бил примен во француска болница.

„Разговарав со него по телефон. Звучеше здраво. Го прашав: „Дали се враќаш дома Ники?“, а тој рече „Да“. Не можам ни да замислам низ што се поминал. Само сакав да го донесам дома“, рече таа на крајот и отиде да го земе синот од Франција за да биде сигурна дека ќе си дојде дома.

Извор: Zena.blic.rs