„Смеењето боли, кивањето боли...“: Марија им одговори на жените кои ја осудувале затоа што се породила со царски рез

Марија Мијатовиќ, 34-годишна мајка, своето прво дете го донесе на свет со царски рез. Наместо радоста да биде единственото чувство во тие моменти, таа често се соочувала со предрасуди и коментари од околината – дека царскиот рез „не е вистинско породување“ и дека е „полесен начин“ мајките да се породат.
Но, реалноста е поинаква.
Секојдневието по операцијата изгледало како тивка борба:
Смеењето боли. Кивањето боли. Кашлањето боли. Дури и стоењето исправено изгледа невозможно.
Марија раскажува дека дури тогаш сфатила колку телото го користи своето јадро – кога секој мускул ѝ горел од болка.
„Најобичните работи стануваат огромен предизвик,“ вели таа. „Станувањето од кревет, земањето на сопственото бебе, па дури и само облекувањето – сè бара двојно повеќе напор.“
Царскиот рез, нагласува Марија, не е „само операција“. Тоа е голема хируршка интервенција, по која следува долг и болен процес на опоравување. Сето тоа се случува во момент кога мајката треба да се посвети на целосна грижа за своето новороденче.
„Кога ќе видите мајка што родила со царски рез како се движи бавно, како внимателно се подготвува или се трза со секој чекор – знајте дека таа минува низ болка,“ вели Марија. „Не затоа што е лесно... туку затоа што нејзиното бебе вреди за секоја болка.“
Приказната на Марија е потсетник дека мајчинството не се мери според начинот на породување, туку според љубовта и силата што секоја мајка ја носи во себе.
Freepik