Снеже Велков со моќна порака до женскиот пол: Не труди се да си „маж“ за да докажеш дека си силна, моќна и способна
Познатата ТВ водителка Снеже Велков повторно е инспирација за послабиот пол. Со последната објава на Инстаграм, ги бодри жените .
Искрена, и овој пат Снеже порачува дека жените не треба да се трудат да бидат "маж" за да докажат дека се силни, моќни, способни или дека вредат.
Ок е да се скршиш
Ок е да покажеш дека не можеш, не знаеш дека ти е тешко и имаш проблем
Ок е да признаеш дека не умееш да правиш некои работи
Ок е да признаеш дека ти треба поддршка,ветар во грб,потврда,прегратка или бакнеш-да токму од посилниот пол!
Ок е да му ги дадеш најтешките кеси на партнерот
Ок е да му побараш помош на другарот или пријателот за прашање поврзано со колата
Ок е да го замолиш случајниот минувач да ти помогне околу паралелното паркирање
Ок е да го нагрнеш големото сако од партнерот ако ти студи.
Ок е да го прашаш колегата за мислење ако не си сигурна за проектот
Ок е ако ти се подискриви круната да дозволиш да ти ја намести маж‼️
Ок е да си кревка,нежна,ранлива,напати плачка и по малку размазена‼️
Ок е.Жена си мајку му!
И не, не труди се да си "маж"за да докажеш дека си силна,моќна,способна или дека вредиш
Оти и на тенка штикла и висока платформа се уште можеш да стоиш цврсто и стабилно на земја
И со тесна сукња или долг фустан се уште можеш да правиш големи чекори напред
И знаеш дека и во "оние денови" се уште можеш да го вртиш светот
И не заборавај и скршен нокт се уште можеш неодоливо да го чешкаш партнерот
Па жена си мајку му!“ , пишува Снеже на Инстаграм.