Со фотографија направена во странство, Владата промовира домашен туризам

Добивај вести на Viber

„Дома си е дома“ - со фотографија од странство, Владата промовира домашен туризам.

Покрај сите прекрасни места во Македонија, Владата се послужи со фотографија направена во Германија, а за да ги привлече граѓаните да ги посетуваат убавините на Македонија.

Имено, Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки за заживување на економијата, поради огромните загуби предизвикани од пандемијата.
Една од мерките се однесува и на зајакнување на домашниот туризам, па така Владата доделува ваучери во вредност од 6.000 денари, на 117.122 граѓани.

За промоција на оваа мерка, како и за граѓаните да проверат дали се опфатени во мерката изработена е платформата https://domasiedoma.gov.mk/  меѓутоа насловната фотографија со која се промовира домашниот туризам, всушност промовира туризам во Германија.

Самиот фотограф Симон Мигај, изреагира дека фотографијата е направена во Konigsee, Германија: