Сопругата ја избра според мајката: Најважните жени во животот на Крис Хемсворд

Сексипилниот актер им го
честиташе Денот на мајката, на неговата мајка и на сопругата
Австралискиот актер Крис Хемсворт (36) ги покажа на јавноста како изгледа неговата мајка Леони (60), учителка во Мелбурн, и сите беа изненадени од нејзината младост.
Крис им го честиташе Денот на мајката, на својата мајка и сопруга Елси Патаки (43) и во таа прилика објави заеднички фотографии на својот Инстаграм профил. Кога неговите следбеници виделе како изгледала Леони во седмата деценија од нејзиниот живот, тие не можеле да го сокријат нивниот ентузијазам.
- Среќен ден на мајката на сите неверојатни мајки, ве поздравуваме сите - напиша актерот во описот на својот пост, кој предизвика бројни реакции и коментари.
„Вашата мајка и сопруга изгледаат како да се со ист број на години и тоа не е навреда за вашата секси сопруга“, „Мајка ти изгледа многу млада“, „Мајка ти е убава“, се некои од коментарите под објавата.
Актерот објавил фотографија со своите родители пред една година, па и тогаш н изостанаа комплименти за изгледот на неговата мајка, но и за неговиот татко. Многумина коментираа дека не очекуваат ништо помалку од неговите родители, кога Крис и неговиот брат Лиам Хемсворт се едни од најсексапилните јавни личности во светот.
Потсетуваме дека Хемсворт претходно истакна дека сакал да ја плати куќата на неговите родители, што дополнително го мотивирало да продолжи со глума и да успее во неговата сега завидна кариера.
- Една од првите работи што ги направив кога ги добив парите е да им ја вратам куќата на моите родители. Го прашав тато, кога ја купи куќата, кога ќе јаисплати. „Искрено, веројатно никогаш“, ми одговори - рече актерот еднаш за „Men's Health“.
Погледнете како изгледа мајката на Крис и Лиам Леони во седмата деценија од животот: