Спортот на чекање: Теретаните и базените под клуч, губи дејноста, трпи здравјето

Добивај вести на Viber

Сопствениците на фитнес сали, теретани, базени бараат што побрзо отворање на овие објекти поради тоа што нивната дејност е доста погодена од затворањето. Владата го остави отворањето на спортските центри, базените и фитнес центрите за третата фаза од олабавуавањето на рестрикциите по препорака на Комисијата за заразни болести, но засега се уште не е јасно кога тие ќе бидат отворени. Нов лош сигнал е растот на бројот на новозаболени, па се верува дека теретаните нема да работат можеби и до крајот на јуни. Дел од нив за Фактор велат дека има простор за отворање со почитување на безбедносни пртоколи и мерки за заштита исто како што тоа се прави во сите земји од регионот, но и во поразвиените земји каде веќе се отворија овие објекти. Тврдат дека не сакаат да ја релативизираат болеста и опасноста, но дека согласно препораки спортските објекти треба да бидат отворени. До Агенцијата за млади и спорт и други надлежни институции веќе испратиле предлог протокол за организирање на работата. Директорот на Агенцијата за Фактор вели дека сите нивни барања се земаат предвид и дека се сака да им се излезе во пресрет.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ВО РЕГУЛИРАНИ УСЛОВИ

Надица Костадиновски, менаџер на Синерџи фитнес вели дека нивната дејност меѓу првите беше погодена од кризата која ја предизвика коронавирусот, но дека сега е јасно оти физичката активност под строго регулирани услови не само што е потребна, туку и неопходна за правилно функционирање на општеството.

„Согласно сите изјави на компетентните лица, вирусот нема туку така да го снема, едноставно ние ќе мораме да најдеме начин да фунционираме во секој сегмент на нашето секојдневие со вирусот околу нас. А спортските активности, за голем дел од популацијата, се доста значаен сегмент од тоа секојдневие. Можеби и најзначаен.Верувам дека во скоро време ќе добиеме одобрение и соодветен протокол како би можеле да продолжиме со нашата дејност, вели Костадиновски за Фактор.

Смета дека oд друга страна, станува збор за еден сектор кој тотално е запрен и не може да функционира по никаков основ. 

Што велат од Бодибилдинг и Фитнес федерацијата (ББФФМ) прочитајте на Фактор.мк.