„Стан од 29 квадрати е сосема доволен за функционирање“: Има дневна, кујна, тоалет и комотна спална

Добивај вести на Viber

Во мал стан од 29 квадрати уредени се дневна соба, кујна, спална и купатило. Просторот во косините, од дополнителни 26 квадрати, моментално служи како складиште, но има голем потенцијал.

Прв чекор во реновирањето е купатилото. Се предлага да се отстрани малата када и на нејзино место да се постави туш, а да се прошири просторот кон делот со висок плафон за да се добие место за тоалет.


Со тоа би се добиле услови за стандардни врати и подобра осветленост преку поголем кровен прозорец.

Во дневната соба се предвидува мултифункционален простор – агол за читање, работна маса што може да служи и за јадење, место за гости и складирање. Кровните прозорци се клучни за природна светлина и воздух.

Кујната се проширува со само 10 cm, со што се овозможува интегрирање на рерна, машина за садови и фрижидер. 

Во спалната, се предлага поголем прозорец, вграден гардеробер и место за седење до прозорецот. Со светли бои и паметно искористен простор, станот добива свеж и функционален изглед.

Foto: Freepik / Foto: Youtube / Gemma Wheeler Architecture