Стил // Стил на денот
Стил на денот: Подгответе се да блеснете во полн сјај како Каролина Гочева - предлог накит за празниците

За празниците кои ни доаѓаат сите сакаме да заблескаме и да се чувствуваме посебно, а во тоа ќе ни помогне секако италијанскиот бренд Rebecca кој има да понуди парчиња накит за секоја дама.
Минимално и безвременско. Модерно но сепак гламурозно! Пред сѐ, романтично...
Ова е можеби најсоодветниот опис за парче накит кое би го одбрале за крајот на оваа година.
А токму Каролина Гочева има таков накит на себе, кој е дел од колекцијата JOLIE на италијанскиот бренд за накит Rebecca, изработена од најчисто сребро прекриено со дијамантски прав.