Актуелно // Insta вести
Стојне Николова има нова фризура: Со еден потег го смени изгледот (ФОТО)

Фризурата навистина може да го промени имиџот на подобро, а жив доказ за тоа е пејачката Стојне Николова.
Фолк – пејачката го промени имиџот и долгата црна коса, ја замени со омбре и додаде шишки.
Промената на пејачката и донесе уште помлад изглед, а нејзината насмевка на фотографиите покажува и дека е задоволна од крајниот резултат.
Косо Шанел има изјавено, дека жена кога сака промени во живот, почнува со косата. Изгледа дека Стојне започнала со „реновирање“ на нејзиниот живот.
Неодамна пејачката ја промовираше нејзината нова песна „Најлична невеста“, а спотот во духот на традиционална македонска свадба. Пред да го објави видеото, медиумите ја омажија пејачката, иако во заднина на фотографиите беше подготовката за видеото на новата песна.
РЖМ