Страотно видео од вчерашниот обид за атентат на потпретседателката на Аргентина: Моментот кога напаѓачот ѝ вперува пиштол на Кристина

Добивај вести на Viber

Уапсен атентаторот на потпретседателката на Аргентина!

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер за влакно се спаси од обидот за атентат откако куршумот наменет за неа, се заглавил во цевката на пиштолот додека атентаторот држи вперен пиштол во неа. Тој уште синоќа беше уапсен.

Кристина Фернандез де Киршнер ги поздравуваше поддржувачите пред нејзиниот дом кога еден маж излезе од толпата и ѝ впери пиштол во лицето.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но еден куршум се заглавил во цевката кога атентаторот го повлекол чкрапалото. Осомничениот беше идентификуван од официјалната аргентинска новинска агенција Телам како бразилски државјанин Фернандо Андрес Забац. Тој беше приведен од аргентинската федерална полиција.

Обидот за атентат се случи за време на митингот на нејзините поддржувачи. Пред нејзиниот дом веќе неколку дена се одржуваат собири како одговор на тековното судење во кое таа е обвинета за корупција. Портпаролот на полицијата изјави дека оружјето е пронајдено на неколку метри од местото на инцидентот.

ВИДЕО:


Министерот за економија Серџо Маса го нарече инцидентот „обид за атентат.“ „Кога омразата и насилството преовладуваат над дебатата, општествата се уништуваат и се појавуваат ситуации како оваа: обид за атентат“, напиша Маса на Твитер. 

Кристина Фернандез де Киршнер беше претседател на Аргентина од 2007 до 2015 година, пред да ја преземе функцијата потпретседател во 2019 година.

извор:mondo.rs