Животна училница // Приказни
Страшно злосторство ја потресе Србија: Татко си ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил

Пред грозоморниот чин тој на сопругата со која е во процес на развод ѝ испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“
Марко Б.(35) од Вршац вчера во семејниот дом ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа се самоубил со бесење.
Според информациите, тој ја задавил својата ќерка, а пред грозоморниот чин и испратил порака „Ќе го убијам детето и себеси“ на сопругата со која е во процес на развод.
Несреќната жена веднаш повикала полиција, но веќе било доцна.
Ова монструозно злосторство, кое ја потресе српската јавност, потсети на сличен грозен чин што се случи пред пет години пред Центарот за социјална работа во Раковица, Белград.
Тогаш Марко Николиќ (43) ги уби четиригодишниот син Михаил и невенчаната сопруга Маја Ѓорѓевиќ (38).