Тага до небо: Цело семејство почина од корона вирус - преживеа само бебето
Додека ќерката била приклучена
на апарати за дишење, лекарите ја породиле и го спасиле животот на
нејзиното бебе
Сите членови на едно руско семејство од Санкт Петербург - 64-годишник, неговата 61-годишна сопруга, и нивната ќерка (36) починале за само неколку дена како резултат на инфекција со корона вирус.
Додека ќерката била поврзана со апаратот за дишење, лекарите ја породиле и го спасиле животот на нејзиното бебе.
Светлана работела во администрацијата на стоматолошката клиника, а како што пренесува fontanka.ru, повикувајќи се на нејзината братучетка Лариса, таткото на Светлана во октомври биле опериран од срце. Неговата сопруга и ќерка го посетиле во болницата, кога „веројатно добиле корна вирус“.
Само еден ден откако нејзиниот татко бил ослободен по операцијата, брзата помош го вратила во болница, овој пат поради инфекција со вирусот ковид-19. Светлана, која во тоа време била на гинекологија, била пренесена на ковид одделот, бидејќи било утврдено дека е позитивна. Неколку часа подоцна, мајка ѝ била примена во болница, исто така поради корона вирусот.
Таткото на Светлана починал на 5 ноември, а Светлана починала три дена подоцна. Преживеало само бебето, момче кое Светлана го роди, а пред нејзината смрт таа му го дала името Киреј, по нејзиниот дедо. Нејзината 61-годишна мајка починала на 12 ноември.
Социјалните служби на Санкт Петербург ќе се грижат за новороденчето, но како што пренесува fontanika.ru, Лариса, која и самата има три деца, е подготвена да го посвои својот внук.
Фото: Фактор.мк
Можеби ќе ве интересира:
Биле во брак 47 години: Брачен пар почина во иста минута од коронавирус во болница