Тамара се преполови, пееше на два степени во кратка сукња и порача: Ништо не е залудно (ГАЛЕРИЈА)

Тамара Тодевска никогаш не изгледала поубаво.
Поп-ѕвездата на едвај два степени, во мини сукња и во кратка јакна, облечена како за на лето, одржа одличен концерт пред „Сити мол“ во Скопје.
Изминатиов период, таа е на здрав режим на исхрана и редовно вежба, а резултатите се видливи. На концертот кој го отвори предновогодишниот базар пред „Сити мол“ видовме една старо-нова Тамара. Стара во моќниот вокал, со познатата енергија на сцената, а нова во изгледот, преполовена.
Најважните за неа исто така беа во публикта, нејзините деца, Хана и Дарен кои излегоа на сцената да ја гушнат мајка им и да заиграат со неа.
Пеејќи ја песната „Залудно е“, Тамара порача: „За сѐ во животот треба да се потрудиме. Ништо не е залудно“.
„Prоud“ традиционално ѝ ја посвети на ќерката и на сите девојки, со многу љубов ја испеа „Немирна“ порачувајќи дека сите што се немирни, такви треба да останат. Раскажа и дека љубовта е најважна на светот и треба да се негува. Песната „1003“ ја нарече скапа песна, а поскапа излезе „Тажна љубов, среќна песна“ која на барање на публиката ја испеа два пати.
Пред крајот, ги испеа убавите балади „Тешко без тебе“, омилената песна на татко ѝ Велко Тодевски, и „Готово е“. Насмеана и задоволна од забавата под елката и од публиката која ја стопли, на крајот порача да ја сакаме и да ја слушаме македонската музика.
Милица Џаровска
Фото: Вангел Тануровски
ГАЛЕРИЈА:






























