Татко му неодамна починал, за влако ја избегнал смртта: Исповед на мајка на момче повредено во несреќата во Бугарија

Добивај вести на Viber

Весна Четник, мајка на Илија (11), едно од момчињата повредени во Бугарија, за Информер вели дека нејзиниот син е стабилен и надвор од животна опасност.

Таа истакнува дека чекаат скенер за глава за да видат што понатаму.

- Брат му и сестра му се со него во Бугарија, го виделе, стабилен е и надвор од животна опасност, ги чекаат резултатите од скенерот за глава за да видат што ќе биде понатаму. Раката му беше скршена, а лицето и телото му беа изобличени - вели Весна.

Како што вели, сето ова е несреќа и никого не осудува.

- Илија 4 години оди на фолклорот, тоа му е пасија, љубов, навистина е заљубен во фолклорот. Никого не осудуваме, тоа е само несреќа – вели таа.

Родителите на второто момче, Никола Тодоровиќ, подоцна дознале за несреќата и утринава заминале во Бугарија, а за несреќата Весна ја известила жена чиј сопругот е меѓу повредените, и на кого му била ампутирана ногата.

Повеќе на Фактор.мк