„Ти си ќерко, татин син. Горд сум на тебе“: Во Топола по 15 години се одржа испраќање во војска на девојче

Во Топола и Клока, уште долго ќе се раскажува дека една
храбра и убава девојка решила фустанот и штиклите да ги замени со војничка
униформа и чизми. Вака деновиве со гордост велат пријателите и роднините кои ја
испратија Катарина на редовен
воен рок, се разбира со сите обичаи, како што доликува.
„Ќерко, ти си татин син, горд сум на тебе“, вели таткото на Катарина потпевнувајќи и додавајќи:
- Срцето ми е полно, иако не ја поддржав баш оваа нејзина одлука. Сега сум горд и прегорд, таа е моја лепотица, татина ќерка, а со оваа одлука ми го исполни срцето. Имам и син, дај боже, и него вака да го испратиме во војска. Што да ви кажам, убаво беше, пријателите, роднините, друштвото на ќерка ми се собраа, по петнаесет години во нашето село се одржа ваква прослава, а музичарите, морам да признаам, ги заборавија тие проштални песни за во војската, по толку години и тоа е разбирливо, вели за ТопПрес, Жељко Стојадиновиќ, гордиот татко.
Катарина од денес ќе го служи воениот рок во Сомбор. Иако нејзините пријатели се‘ уште не можат да поверуваат, сепак се обидуваат да ги пронајдат причините поради кои нивната пријателка се решила на толку голем чекор.
„Нејзиниот татко е воен инвалид, во 1999 година се здоби со повреди на Косово во авијацијата на НАТО од бомби. Катарина со години го помагаше здружението каде што беше нејзиниот татко, се дружеше со воените ветерани, ги слушаше нивните приказни и проблеми, а тоа можеби малку влијаеше врз нејзиниот избор да се приклучи на војската. Како и да е, сите сме со неа, ќе и дадеме максимална поддршка и со гордост го чекаме денот кога ќе положи заклетва“, велат пријателите на Каца, пренесува порталот „Топ прес“.
Оваа девојка ќе биде дел од противвоздушната ракетна единица.
Фото и Извор: ToppPress