Тие не знаат за рак: Исхраната и начинот на живот на најздравите луѓе во светот!

Добивај вести на Viber

Во раните 1970-ти, „National Geographicобјави серија написи за најдолговечните луѓе низ целиот свет. Луѓето од долината Хунза во северниот дел на Пакистан, беа едни од тие луѓе - живеат до 120, 130 години. Некои од нив го прославија и својот 145-ти роденден пред да заминат од овој свет.

Долината Хунза е плодна долина идеална за земјоделство и изолација од остатокот од светот. Се наоѓа на голема надморска височина. Регионот беше популарна дестинација за американските и европските туристи со својата прекрасна природа што го одзема здивот и невиденото гостопримство во 90-тите години на минатиот век.
Денес, таму практично нема туризам, затоа е идилично, утописко опкружување.



Колку живеат луѓето од Хунза?

Никој навистина не знае колку живеат членовите на народот Хунза. Лекарите ги прегледале Хунзите и претпоставиле колку години имале луѓето. Без да се фокусираме премногу на документираната максимална возраст, навистина необичен факт е дека во сите извештаи за народот Хунза се споменува дека постарата популација е слаба, витална и практично без болести, што е точно до денес.

Како се штитатаат од болести

Тие вежбаат. Околината во која живеат е планинска, а теренот е крајно нерамен и многу стрмен. Селата се неверојатно изолирани, а некои од нив се стари повеќе од 1.000 години. Хунзите немаат друг избор освен да се движат по груби и стрмни премини.

Обработливата земја не е секогаш лоцирана веднаш до куќата. Некои пасишта се на два часа пешачење од селото. За Хуните се вели дека се посрдечни од познатите силни луѓе од Шерпа од регионот на Хималаите.

Нивната исхрана

Хунзите се хранат главно со сурови растенија. Бидејќи се многу изолирани, Хунзите немаат на што да ја зготват храната, ниту имаат многу животни на располагање за да ги јадат, па садат што можат исто така и собираат растенија. Хунзите одгледуваат кајсии, цреши, грозје, сливи и праски. Тие исто така јадат многу житарици - пченица, јачмен и просо - и чапати, нивниот секојдневен леб.

Но, дали се среќни?

Апсолутно. Всушност, некои истражувачи оваа нација ја нарекоа најсреќните луѓе во светот. Хунзите имаат одредена страст и жар за живот.

Што можеме да научиме од народот Хунза

Јадете сурово овошје и зеленчук, вежбајте секојдневно, бидете позитивни.


Фото: Profimediа, Википедија, Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Тајната за долговечноста на Јапонците: 5 моќни намирници