„Тие сини очи“: Камила на малите екрани се прости од Кралицата па откри „пепелашка момент“ од својата венчавка со кралот Чарлс

Сопругата на кралот синоќа зборуваше за Елизабета Втора на Би-Би-Си, откри како ќе ја памти, а потоа раскажа непознат момент „Пепелашка“ од нејзината венчавка со Чарлс Трети.
Камила истакна дека Елизабета Втора има огромна страст за коњски трки и дека ќе ги свртела своите „прекрасни сини очи“ кон секој што се сомнева во нејзиното познавање на спортот.
Таа истакна дека кралицата сакала да ги поминува летните одмори во Балморал и дека Нејзиното Височество повлекла јасна граница помеѓу јавните должности и приватниот живот, а одморите во Шкотска биле време за „нејзино уживање“.
„Таа го следеше правилото дека го има своето приватно време и нејзините приватни интереси, а потоа и нејзината јавна улога, и мислам дека е многу важно, знаете, дежурниот дневник да биде испланиран за да знаете кога сте на должност и кога треба да правите одредени работи...
Кога таа ќе отидеше во Шкотска во август, тоа беше момент во кој уживаше“.
Според зборовите на Камила, Елизабета Втора била пресреќна што ги посетувала своите чистокрвни коњи во кралските штали или ги гледала како се тркаат.
„Успеваше да избега во Сандрингам... Таа можеше да оди таму секој ден, да ги гледа своите ждребиња, да вежба, знаете, за претстојните состаноци во годината. Мислам дека тоа секогаш го чуваше, како што знаете, како нејзина приватна работа.
...Не би се осмелиле да ја испрашувате или да се расправате со неа за тоа како се одгледувале коњите или како трчале затоа што повторно ќе го добиете тој многу челичен синоок поглед“, рече таа.
Сопругата на кралот тогаш се присети на лошата среќа што ја имала на денот на нејзината венчавка со Чарлс во 2005 година. Кога влегувала во автомобилот за церемонијата, сфатила дека избрала чевли со различни потпетици. Таа едвај успеала да стигне до автомобилот во нив, а Елизабета Втора на шега и рекла: „Види, ужасно ми е жал“, пренесува „Дејли мејл“.Камила успеа да дојде до вистинските чевли, но не го заборавила моментот „Пепелашка“.
Сопругата на Чарлс во претходно снимено интервју изјави дека кралицата Елизабета Втора долго време била во „тешка позиција“ како „осамена жена“ во светот во кој доминираат мажи.
Кралицата направи маестрален удар пред нејзиниот платинест јубилеј во февруари 2022 година, кога ја поддржа тогашната војвотка од Корнвол да биде признаена како кралица кога ќе дојде време, истакнува Дејли Меил.
Елизабета Втора почина пред 10 дена во Балморал, денес ќе биде погребана во Виндзор.
Фото: Инстаграм