Туристичките агенции веднаш со еднодневни екскурзии во Грција

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука од овој петок, 26-ти јуни, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила.
Туристичките агенции едвај чекаа да започнат повторно да функционираат „по старо“, па затоа со самото објавување на веста, дел од скопските агенции веднаш објавија програми за еднодневни ексурзии на плажите во соседна Грција.
Се нуди еднодневно капење во Пефкохори, Халкидики, но и екскурзија во Солун. Веќе видовме дека српските туристи уживаат по грчките плажи.
Дали Вие би отишле?
За сите вчера донесени одлуки до, петок, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.