Животна училница // Приказни
Веднаш зад Макрон: Погледнете како изгледаат претседателот и првата дама на нашата земја на погреб кај Кралицата
- 19 Септември, 2022 11:38

Како што и беше најавено од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, тој заедно со сопругата денеска присуствува на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон.
Тие во црквата се сместени позади претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга, Бриџит Макрон.
Покрај тоа што фокусот е секако погребот на Кралицата Елизабета Втора, сите коментираат за модните избори на едни од најголемите политички имиња.
Нашата прва дама и овој пат беше облечена според протокол за пригодата, елегантно и отмено, со задолжителна шапка на главата.