„Веќе не можам да молчам! Имам скршеница на носот, потрес на мозокот, децата се сведоци“: Сопругата на НБА кошаркарот го обвини сопругот за насилство

НБА ѕвездата Мајлс Бриџис е обвинет за семејно насилство.
Кошаркарот се предал на полицијата во Лос Анџелес, а набрзо бил пуштен од
притвор со кауција од 130.000 долари, пишуваат американските медиуми.
Сопругата на Бриџис, Мишел Џонсон, го прекина молкот. Таа на својот Инстаграм профил објави шокантни фотографии од телесните повреди за кои тврдеше дека ѝ ги нанел кошаркарот.
Мразам што дојде до ова, но повеќе не можам да молчам. Дозволив некој да ми го уништи домот, да ме злоставува на секој можен начин и да ги истрауматизира нашите деца доживотно“, напиша Џонсон и додаде:
„Нема да дозволам луѓето околу него да молчат и да лажат за да го заштитат. Ова е неморално и болно.
„Повеќе нема да молчам да ги штитам другите бидејќи се ценам себеси и моите деца. Имам фрактура на носот, зглобот, мускулите на вратот од задушување и тежок потрес на мозокот. Не барам сожалување, само не сакам никому да му се случи ова. Моите деца заслужуваат подобро, тоа што тие се сведоци на тоа, ме боли повеќе од се‘“, заклучи Џонсон, која има две деца со НБА ѕвездата.
Клубот на Бриџерс, објави соопштение во кое се наведува дека се запознаени со неговиот случај и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата.
Фото: Инстаграм