Дали треба да се ПРЕКСТИМЕ кога поминуваме покрај ЦРКВА?!

Многумина кои поминуваат покрај црква се прекрстуваат, верувајќи дека на тој начин му оддаваат почит на Бога.
Сепак, постојат поделени мислења за тоа дали ваквиот чин е исправен или нема никаква смисла ако не се направи во самиот храм.
Едни верници сметаат дека прекрстувањето покрај црква е бесмислено, бидејќи, според нив, молитвата и крстењето имаат вистинска духовна тежина само кога човек е во Божјиот дом.
Од друга страна, други веруваат дека крстот е симбол на верата кој може да се направи насекаде – и на улица, и дома, и во дворот на црквата – бидејќи Бог е присутен секаде.
За да ја расчисти оваа дилема, редакцијата на „Женски магазин“ разговараше со свештеникот од црквата „Св. Јован Крстител“ во скопската населба Капиштец. Тој ни откри дека нема ништо погрешно во прекрстувањето покрај црква.
„Крстењето пред, покрај или до Божји храм е правилно и православно. Секој кој има потреба, мака, желба или порив, може и треба да се прекрсти,“ објаснува отецот.
Според него, верата не се мери со тоа дали сме внатре во храмот, туку со чистината на мислите и искреноста на молитвата. Прекрстувањето е личен чин на духовна врска со Бога, а не нешто што мора да има строго дефинирани правила.
„Оставено е на индивидуална потреба дали некој ќе се прекрсти или не,“ додава свештеникот, нагласувајќи дека верниците не треба да се чувствуваат виновни ако го прават тоа надвор од црковните ѕидови.
Ова мислење ја потврдува старата изрека дека Бог е насекаде, а не само во храмот. Прекрстувањето е симбол на верата и почитта, без разлика дали човек е во црква или едноставно минува покрај неа.
Со ова, дилемата е јасна – крстот може да се направи секогаш кога верникот чувствува потреба, без разлика на местото.
Р.Ж.М / М.С.К*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“