Татко го прегази своето едномесечно бебе: „Мислел дека ја ставил носилката во кола, а ја заборавил на улица“

Во германската покраина Баден-Виртемберг се случила трагична несреќа во која животот го загубило бебе старо само четири недели.
Несреќата се случила во саботата попладне, на 26 јули, на паркинг на улицата „Saure Wiesen“ во местото Алтхајм, а информацијата ја соопштила полицијата од Улм во понеделникот наутро.
Според првичните резултати од истрагата, бебето се наоѓало во носилка зад автомобилот кој го управувал таткото.
Како што информира полицијата, тој верувал дека веќе ја ставил носилката со бебето во автомобилот. Меѓутоа, тоа не се случило. Кога тргнал наназад, не ја забележал носилката зад автомобилот и ја прегазил, заедно со бебето.
Се претпоставува дека од некоја причина детето испаднало од носилката, и тркалото на автомобилот го прегазило, нанесувајќи му смртоносни повреди.
Итната помош пристигнала многу брзо, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта на детето.
Јавното обвинителство во Улм наредило форензичка експертиза за да се разјаснат сите околности околу несреќата. Локалната заедница е длабоко потресена од овој трагичен настан, кој отвори бројни прашања за безбедноста на децата и важноста на родителското внимание во сообраќајот.
Истрагата сè уште е во тек.
Извор: Еспресо