ПЕПКО СЕ ЗАТВАРА? Во оваа земја познатата продавница ги брои загубите, дали тоа ќе влијае на работењето на Балканот?

Пепко Германија моментално управува со 64 продавници низ Германија, со фокус на источниот дел од земјата. По влегувањето на пазарот во 2022 година, германската мрежа се соочи со предизвици и нееднаков развој и моментално работи со вкупна загуба.
- Целта на започнатата постапка е да се реорганизира бизнисот на Пепко Германија со цел подобро да се прилагоди на германскиот пазар и да се позиционира за долгорочен успех. Постапката ќе ја води самата компанија, и важно е да се нагласи дека сите продавници ќе останат отворени до понатамошно известување и ќе продолжат да примаат нови колекции - соопшти Пепко.
Групацијата Пепко, како акционер, изјави дека е подготвена да го поддржи процесот на реструктуирање и да обезбеди финансирање за време на постапката.