ИЗМАМА СО ДОБРОТВОРНИ ДОНАЦИИ: Собрани 250.000 евра за НЕПОСТОЕЧКО дете, реагира д-р Лазаров!

Добивај вести на Viber

Ненад Лазаров, доктор специјалист по гинекологија и акушерство, упати јавен апел за итна реакција од надлежните институции, откако беше откриена сомнителна донациска кампања со злоупотреба на емоциите на граѓаните, во која според информациите досега се собрани повеќе од 250.000 евра.

Преку својот профил на Фејсбук, Лазаров ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на објави кои циркулираат на социјалните мрежи, а се поврзани со наводно болно дете по име Даниел. 


Според податоците објавени од донациската платформа Ecrowd.mk, станува збор за измама организирана преку непостоечка фондација со име DAWN OF A CHILD INC., наводно со седиште во САД. Домeнот преку кој се прибираат донации – https://be.dawnofchild.org – е регистриран во Исланд, што, според Ecrowd.mk, е чест избор за измамници кои сакаат да го сокријат својот идентитет.

„Такво правно лице не постои. Веќе има речиси 1.000 донатори, најмногу од Македонија и Бугарија. Линкот до објавата е очигледно креиран со вештачка интелигенција. Станува збор за класична измама. Не наседнувајте!“, се наведува во соопштението на Ecrowd.mk.


Граѓаните кои веќе уплатиле средства се повикуваат да ја пријават измамата во Министерството за внатрешни работи (МВР), доставувајќи банкарски изводи како доказ. Исто така, се советуваат веднаш да ги откажат сите евентуални претплати преку матичните банки, за да спречат понатамошно одземање средства.

Доктор Лазаров побара итна реакција од МВР и истрага за да се спречат понатамошни измами и злоупотреби на довербата на граѓаните.

Фото: Фејсбук