Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Карантинска верзија на „Кометал Шампионе“: Да се потсетиме на убавите времиња
- 19 Мај, 2020 15:17

Токму на овој ден, 19 мај 2002 година Кометал Ѓорче Петров стана европски шампион!
Тоа беше успех кој ја сплоти нацијата и ни донесе моменти на радост и гордост на сите.
Тогаш, пред 18 години Александар Митевски напиша песна “КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ” која стана химна на нашите златни девојки.
После 18 години, АЛЕКСАНДАР И ДАЦ решија да направат “КАРАНТИНСКА” кавер верзија заедно со дел од нашите шампионки кои пеат со нив “од дома”.
Да се потсетиме уште еднаш на тие убави времиња на нашиот некогаш ракометен шампионски клуб и на девојките кои донесоа радост за сите нас.
КОМЕТАЛ ШАМПИОНЕ – 18 години потоа...