(ВИДЕО) Апсолутно романтично: Зое Салдана, Бен Афлек, Рики Мартин и Лео Меси во најстрасниот бакнеж на корона-ерата

Порториканскиот репер Резиденте насред пандемијата со коронавирусот и изолацијата, за песната „Пред крајот на светот“ сними еден од најстрасните музички спотови кога и да е. Видеото трае 7,40 минути и претставува продолжение на 113 страсни бакнежи од 80 држави, а меѓу бакнувачите се многу познати личности како: Зое Салдана, Бен Афлек, Рики Мартин и Лео Меси, на пример.
Со својата согласност да учествува особено
изненади актерот и режисер Бен Афлек, познат по тоа што не сака да ја споделува
својата приватност со медиумите. Тој и неговата девојка Ана де Армас се
согласиле да учествуваат во овој проект зашто Ана е долгогодишна пријателка на
Резиденте, а бакнежот на Ана и Бен е снимен за време на прославата на нејзиниот
32 роденден. Фотографиите од прославата Ана и претходно ги сподели на
Инстаграм.
Идејата за видеото на песната “Пред крајот на светот“ била да се создаде најдолгиот синџир бакнежи од целиот свет, а во нејзиното остварување учествуваат, меѓу другите, и Рики Мартин и неговиот сопруг Иван Јосеф и Зое Салдана со нејзиното момче Марко Перего. Љубовни двојки, познати и непознати, ги испратија своите снимки, а за потребата на спотот сите се споени во видео, долго 7,40 минути бакнување. За само 18 часа откако е поставен на Јутјуб спотот доживеал 3 милиони прегледи, додека сега има над 11 милони прегледи. Апсолутно романтично!