(ВИДЕО) Безгранична мајчина љубов: Трудница со своето тело го штити синот од истрел
Ова е приказна за мајка херој! А која мајка не е и не би била во оваа ситуација?
Ова е приказна за мајка херој, која го ризикуваше својот живот во шестиот месец од бременоста за да го заштити својот син кога вооружен напаѓач ги нападна во Бразил.
Инцидентот се случил во неделата вечерта, на 24 јануари, кога Рафаела Дантас вечерала со сопругот, синот и пријателите во градот Реканто дамас.
На снимките од надзорните камери се гледа како двајца мажи влегуваат во зградата со намера да ограбат ресторан.
Како што објави бразилскиот Г1, напаѓачот испукал еден куршум кон еден од клиентите, но за среќа промашил. Гледајќи како се одвива ситуацијата, Рафаела брзо го грабна нејзиното четиригодишно дете и го повлече со неа на земја.
Мајката го заштити својот син со своето тело додека маж во кошула во риги доаѓа до масата каде ручаат и зема два телефони пред да избега од местото на настанот.
Потегот на мајката беше окарактеризиран на социјалните мрежи како херојски чин, а еден корисник напиша: „Љубовта на мајката е најскапоцената во светот“.
извор:zenskikutak.rs