(ВИДЕО) Исчистете ја микробрановата печка без да се измачите: Совршен трик

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се запрашале: "Како да ја исчистам микробрановата и да ги отстранам сите наталожени наслаги и дамки?"

Една жена од Австралија демонстрираше во видео од неколку секунди како ефикасно и брзо да ја чистите микробрановата, а за овој трик ви требаат само малку вода и лажичка детергент за миење садови.

Истурете вода во сад, што може да се стави во микробранова печка, и додадете една полна лажичка детергент за миење садови, измешајте добро и ставете го садот во микробрановата печка, вклучете ја и поставете го тајмерот на четири минути.

Потоа, внимателно извадете го садот и избришете ја целата рерна со влажна крпа, лесно ќе ги отстраните сите дамки.

Многумина беа воодушевени и и' се заблагодарија на прекрасната мајка која го откри овој трик.

Погледнете го и видеото: