Култура // Настани
(ВИДЕО) „Километри“ - Велигденски подарок од Лозано кој ќе ве разнежи
- 01 Април, 2018 10:41
Еден од најуспешни музичари на нашата сцена може да се пофали со нов хит кој дефинитивно ќе се врти во етерот со години.
Песната е емотивна а едно е сигурно , ќе ве допре до срце.
Во неа ќе се пронајдат многумина посебно оние кои не живеат повеќе во својата таковина вели за оваа песна Влатко Лозаноски
„Километри“ е новото музичко остварување на пејачот зад кое како автори повторно се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.
Спотот е снимен во хотелот „Изгрев“ под режија на „Веста продукција“ од Битола а вие пуштете си ја песната и уживајте.