(ВИДЕО) Оригинална идеја со емотивен крај: Еден татко целиот свој живот снимал како танцува со неговата ќерка
Ова е навистина
оригинална идеја која има многу емотивен крај
Од раѓањето на неговата ќерка во 1990 година, еден татко имал план што не сакал да го открие на никого. Цел живот снимал како танцува со својата ќерка, сè само за една цел ...
Од бројните видео снимки, овој татко монтирал едно видео во кое покажува како танцува со својата ќерка низ годините - од моментот кога таа била бебе, па сè до венчавката.
А, токму тоа била неговата цел - да и го даде ова видео на денот на нејзината венчавка.
- Тој танцуваше со мене сите години, а на крајот направи компилација која ја пушти на мојата венчавка. Тој одделуваше само мал момент од нашиот двоминутен танц секоја година и направи нешто големо за мене. Ова видео секогаш ќе има посебно место во моето срце - рече ќерката која не можеше да ги сокрие солзите.
Видеото е објавено на Јутјуб под корисничката сметка „Совет од тато“, за која се претпоставува дека е сопственост на овој горд татко.
Фото и Видео: Youtube
Mожеби ќе ве интересира:
Тој е богат, убав и славен, таа е родена со тешка деформација: Ова е најубавата љубовна приказна на светот!