(ВИДЕО) Водителката Драгана од „Никогаш не е доцна“ падна на сцената: Покажа дека е професионалец и храбра жена

Добивај вести на Viber

Водителката Драгана Катиќ доживеа несреќа на снимањето на шоуто „Никогаш не доцна“ кога падна на сред бина, а како резултат на тоа се здоби со повреди на телото. 

И покрај хематомот на коленото, таа издржа на сцената до крајот на снимањето и со тоа покажа колку е професионална. 

Имено, за време на снимањето, Драгана, слегувајќи од големата сцена, се сопна и не успеа да ја одржи рамнотежата, па се струполи на подот.

Го искривила зглобот, а на коленото ѝ се формирал хематом. Присутните веднаш ѝ помогнале, а таа се вратила на сцената со високи потпетици и покрај болките, и продолжила со својата работа како ништо да не се случило. 


- Раката и ногата сè уште ме болат, но добро. Кога паднав, за една секунда еден млад снимател притрча кон мене, ме праша дали сум добра и веднаш тргна по мраз  - изјави Катиќ за „Гранд онлајн“.

Емисијата сè уште не е емитувана.

извор:kurir.rs

Ме остави кога бев бремена, ми помогна психијатар: Тажната приказна на водителката Драгана Катиќ
Драгана Катиќ од „Никогаш не е доцна“ во шестата деценија изгледа одлично: Еве ја тајната за нејзиниот изглед