Влошките и тампоните се историја: Менструалната чашка како најефикасен производ за управување со менструалната хигиена

Добивај вести на Viber

Менструалниот циклус е нормална појава во животот на секоја жена и девојка. Но и покрај тоа што е природен и нормален процес, општеството наметнало чувство на срам, дури и вина да се говори отворено за овие ексклузивно женски теми. 

Во голема мерка, се смета дека овие теми не се од пресудно значење за општеството, поради што тие се секундаризираат и со игнорирачкиот однос, се намалува нивната суштина и важност. 

Повеќето од жените во својот менструален циклус се одлучуваат за класични производи за управување со менструална хигиена, а тоа се влошките. Во поредок случај се користат и тампони. Но многу малку жени во Македонија користат менструална чашка, што поради незапознаеноста со сите предности на овој производ, што поради тоа што навиката е една мака, одвиката се две маки. 

За многу жени, менструалната чашка како производ за одржување менструална хигиена е новина. Па затоа одличивме да побараме одговори, што е менструална чашка, колку е безбедна за користење, како се користи и аплицира, но и што добиваме како предност доколку се одлучиме токму за менструалната чашка наспроти сите други традиционални продукти (влошки, тампони и сл.) за управување со менструалната хигена. 

Во продолжение погледнете го разговорот со Александра Радевска од „Новинари за човекови права“ како организација која работеше на унапредување на можностите за подобрување на менструалното здравје и хигиена.