Во еден час им изгоре целиот живот: Три мали деца останаа без дом – на семејството Јовевски му требаме сега
 
                    Во само еден час, огнот им го однесе сето она што со години го граделе – спомените, љубовта и топлината на домот. Семејството Јовевски, со три малолетни деца, остана без покрив над глава по страшен пожар што целосно ја уништи нивната куќа.
Домот во кој растеле генерации, местото полно со спомени и смеа, денес е само куп пепел. Судбината за миг им се смени, а пред нив се студени денови без сигурно засолниште.
Затоа пријатели, роднини, познаници, секој што може – нека подаде рака. Да покажеме дека човечноста и солидарноста не се изгубени зборови, туку живи дела. Вашето малку за нив значи многу – секоја донација е чекор поблиску до нов дом, до повторна насмевка на трите мали лица.
* Контакт за помош:
Јовевски Орданче – 078/457-119
Јовевска Пандорка – 071/315-072
* Трансакциска сметка:
Pandorka Jovevska
210501648880642
NLB Banka
За уплати од странство ќе биде отворена и девизна сметка, а може да се помогне и преку Western Union на нивно име.
Да не дозволиме ова семејство да ја дочека зимата без кров над глава. Да бидеме луѓе кога најмногу е потребно.
РЖМ/ИС - ФОТО: Социјални мрежи
 
                     
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            