ВО НЕКОЛКУ СРЕДНИ УЧИЛИШТА УТРЕ ПОЧНУВА СРИНИНГОТ НА УЧЕНИЦИТЕ: Целта е да се откријат асимптоматски носители на ковид помеѓу учениците
Министерството за здравство информира дека од утре почнува скринингот на учениците и тоа во 9 средни училишта во Скопје, само во текот на утрешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци. Скринингот низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.
-Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина. Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид 19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, посочуваат од Министерството за здравство.
Детали, читајте на ФАКТОР ОВДЕ.