Врчак со споменолов за Андреј: Емотивни сеќавања раскажа пејачот

Нова емотивна објава и сеќавање на последните дружби и настапи со Андреј, споделува на социјалните мрежи пејачот кој токму поради ДНК , Панчо и Андреј се врати на музичката сцена во земјава.
„Јас и Андреј (на првиот мој настап 2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј…. Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат ДНК кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале - дури и со солзи и плачења. Јас им велев да завршам со се за во Америка и може нешто да направиме. Не можев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со ДНК во Охрид, не можев да ги одбијам и за новогодишната прослава, и не можев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)… тоа беа моите последни настапи со Aндреј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“ - напиша Врчак.
Претходно, обожуваниот пејач со кој дуото ДНК беше препознатлив сподели споменолов од неколку фотографии сеќавајки се на работата со Андреј.
Низ годините Врчак и ДНК беа тандем кои ја забавуваа публиката на начин на кој тешко некој друг ќе успее.