Д-р Цули Софијанова не само што лекува – таа поставува и модни стандарди: Погледнете во какво издание се појави на меѓународен конгрес

Добивај вести на Viber

Познатата педијатарка, д-р Цули Софијанова, која со години е препознатлива по својата посветеност, професионалност и човечност во здравствениот систем, учествуваше на Четвртиот меѓународен конгрес за превентивна педијатрија што се одржа во Црна Гора.

На конгресот, д-р Софијанова имаше свое официјално обраќање, претставувајќи ги Балканските педијатриски здруженија, каде зборуваше за важноста на регионалната соработка и унапредувањето на педијатриската грижа.

На својот профил на социјалните мрежи, таа сподели фотографии од настанот, кои привлекоа внимание не само поради нејзиниот ангажман, туку и поради стилскиот избор.

За официјалното обраќање на конгресот, д-р Софијанова се одлучи за елегантна црна комбинација – класично палто и здолниште, со што ја нагласи својата професионална појава.

Во неформалниот дел од настанот, таа избра впечатлива модна комбинација: миди фустан со цветен дезен кој се шири во долниот дел, надополнет со елегантно црвено палто и високи црвени потпетици. Со овој изглед, докторката уште еднаш покажа дека професионалноста и стилот можат да одат рака под рака.

Настанот во Црна Гора собра реномирани педијатри од целиот регион, со цел размена на знаења, искуства и практики во областа на превентивната медицина кај децата.

Фото: Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г