Антонијо Милошоски со семејството на едукативна прошетка: Децата на политичарот учат за македонската историја

Добивај вести на Viber

Политичарот Антонијо Милошоски со сопругата и децата ја посетија штипската населба Ново Село, каде што се запознаа со важните моменти од историјата на Македонија преку изложбата во Музејот на ВМРО. Посетата се одржа во рамките на едукативната активност за најмладите, кои имаа можност да се запознаат со значајниот дел од револуционерното дејствување во Штип и околината.

Во фокусот на посетата беше „Андоновата куќа", која се одликува со современа музејска поставка што дава детална преглед на работата на Организацијата и револуционерите. Милошоски истакна дека музејот е значајна точка за сите кои сакаат да ги научат и почитуваат настаните кои ја обликуваат македонската историја.

„Навистина вреди да се види „Андоновата куќа“. Преку современата музејска поставка, многу лесно може да се научи за револуционерите и дејствувањето на ВМРО во Штип и околината. Благодарни сме на г-ѓа Марија и г-н Славе за топлиот прием и за едукативната прошетка низ овој важен дел од историјата на Македонија. За нашите деца беше многу поучно“, изјави Милошоски по посетата.

Музејот на ВМРО во Ново Село продолжува да биде важен центар за културно и историско образование, не само за жителите на Штип и околината, туку и за сите посетители кои сакаат да научат повеќе за борбата за независност и значењето на ВМРО во формирањето на современата македонска држава.

Фото: Фејсбук