Тамара со журка за паметење: 40-от роденден го прослави како вистинска дива, со црвена торта, шампањ и славни гости

Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска вчеравечер организираше роденденска забава која долго ќе се памети. По повод нејзиниот 40-ти роденден, кој официјално го прослави на 2 јуни, пејачката приреди приватна прослава со најблиските пријатели и соработници, славејќи ги новите почетоци во нејзиниот живот и кариера.
Журката се одржа во интимна и весела атмосфера, а присуствуваа бројни познати имиња од македонската естрада. Меѓу гостите беа Каролина, Роберт Билбилов, Александар Тарабунов, Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар, Лазаров и Марта, Катарина Ивановска, Зоки Бејбе, Мартија Станојковиќ и многу други блиски соработници и пријатели.
Од семејството на Тамара, на забавата присуствуваа нејзината мајка Брана, сестрата Тијана Дапчевиќ, како и нејзиниот партнер Лука.
Тамара свечено ги дувна 40-те свеќички на роденденската торта, која беше украсена во црвена боја со голема буква „Т“ и розови рози. Фотографиите и видеата од прославата, споделени на социјалната мрежа Инстаграм, сведочат за атмосферата на весела, емотивна и незаборавна вечер.
РЖМ - Г.Д.Г