Со куфери и насмевка тргна на одмор од соништата: Еве каде отпатува Андријана Јаневска

Добивај вести на Viber

Со куфер и насмевка до дестинација од соништата, познатата македонска пејачка и професорка на Факултетот за музичка уметност, Андријана Јаневска, замина на летен одмор во Барселона, Шпанија. 

Со објава на социјалните мрежи, таа ја сподели својата радост со своите обожаватели, истакнувајќи колку е среќна и задоволна што конечно го започнува својот заслужен одмор.

Во објавата, Јаневска не само што сподели убава фотографија со насмевка на лицето, туку откри и каде ќе престојува додека ја истражува една од најубавите дестинации во Европа. Фотографијата открива ведрина и мир, а очигледно е дека одморот и патувањето се вистински извор на нејзината среќа.

Оваа пауза доаѓа по интензивен и успешен период за Јаневска – со бројни настапи кои ја потврдија нејзината посветеност и музичка зрелост, како и со успешно завршена академска година на ФМУ, каде што таа веќе неколку години работи како професорка.

Со оглед на темпото кое го одржува преку годината, ова патување претставува вистинско бегство од секојдневието и можност за целосна релаксација. Судејќи по нејзиниот сјаен изглед и насмевка, Барселона веќе почнува да ја полни со нова енергија.

М.С.К