Балетска ѕвезда во подем: Еве како изгледа ќерката на водителката Искра Мишиќ, со улога во славната претстава!

Добивај вести на Viber

Водителката на утринската програма на Алфа Телевизија, Искра Мишиќ, со гордост ја сподели радоста што нејзината ќерка Матеа одлучила да чекори по патот на уметноста, избирајќи го балетот како своја животна страст.

Матеа, која Искра ја има од бракот со сопругот Владимир, заедно со нивното друго дете Меглен, доби улога во балетската претстава „Лебедово езеро“ – класично дело кое претставува врв на балетската уметност.

Последните месеци, водителката редовно споделуваше моменти од пробите и настапите на Матеа, а неодамна на Инстаграм објави и емотивна порака, нагласувајќи ја важноста на уметноста во денешниот свет.

„Во време на безумие, војни, немири, алчност, уметниците се најчистото нешто и најголемата надеж. Мојата Матеа“, напиша Мишиќ во описот на фотографијата.

Матеа претходно ја имаше и улогата на Снегулка во балетската претстава „Оревокршачка“.

Фото: Фејсбук