Македонското славејче ќе ја освојува Европа: Нела Манческа е македонскиот претставник на Детската Евровизија

Добивај вести на Viber

Талентираната Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Јуниорската Евровизија 2025!

„Нашата годинашна претставничка е 13-годишната Нела од Скопје, која со своите извонредни вокални способности и бројни меѓународни награди, ќе застане на сцената во Тбилиси, Грузија на 13 декември и достојно ќе го претстави нашето знаме! Подгответе се за магија на сцената – наскоро следуваат повеќе детали за песната и подготовките!“, информираа од Eurovison Macedonia.


Нела првите импресии за нејзиното учество на Детската Евровизија ги сподели со читателите на Женски магазин, вели дека е пресреќна штоја претставува нашата земја во Тбилиси, Грузија.

„Денот кога ми соопштија дека јас ќе ја претставувам нашата земја на Јуниорската Евровизија е мојот најсреќен ден.

Се чувствувам пресреќно, не постојат зборови со кои можам да опишам колку ми значи овој момент и колку сум среќна. Со еден збор можам да кажам дека конечно почнувам да го живеам мојот сон и ќе дадам се од себе да ја претставам Македонија во најдобро светло.

Затоа во оваа прилика сакам да искажам една голема благодарност до Македонската Радио Телевизија до целиот тим што ми ја даде приликата токму јас да ја претставам нашата земја Македонија на Јуниорската Евровизија која оваа година ќе се одржи во Тбилиси во Грузија“, изјави Нела.

Таа минатата година во интервју за Женски магазин зборуваше дека Детската евровизија е нејзиниот предизвик, а сега само уште една исполнета нејзина желба. Во интервјуто зборуваше за нејзиниот тален и големите успеси кои ги има во своето портфолио, со само 13 години.

„Живеам за песната, сакам да растам и да раскажувам преку песната. Во иднина сакам да создавам музика по која ќе бидам препознатлива, како: Ариана Гранде, Витни Хјустон, од Македонски пејачи идоли ми Тоше Проески, Андријана Јаневска, Калиопи, Тамара и други“.

Со глас како славеј го освојува Балканот: Нела Манческа на само 13 години има освоено повеќе од 20 награди на музички натпревари - „Предизвик ми е Детска Евровизија“