Водителката Цеце Тодосовска на камперско семејно летување: Синовите пресреќни, а фотографиите кажуваат сè!

Добивај вести на Viber

Водителката на утринската програма на Телевизија Телма, Цеце Тодосовска, замина на заслужен семеен одмор по завршувањето на работната сезона. По долг период посветеност пред камерите, таа заедно со сопругот и синовите Бодан и Симон ужива на крајбрежјето на Егејското Море.

Овој пат, семејството Тодосовски го избра јужниот дел на грчкиот полуостров Халкидики, односно прекрасната Ситонија, каде летуваат во еден од најубавите кампови во регионот – Арменистис. Камперскиот живот, како што сподели водителката на социјалните мрежи, претставува вистинска слобода – особено за децата.

Цеце објави моменти од нивните летни авантури, каде доминираат детската радост и активностите на отворено. Бодан и Симон ги поминуваат деновите возејќи велосипеди, истражувајќи ја природата, запознавајќи се со инсекти, играјќи се на плажа и цртајќи. Одморот не е само време за релаксација, туку и за креативност и учење во природа.

Очигледно е дека морскиот живот им одговара – не само како бегство од секојдневните обврски, туку и како можност за поврзување, авантура и семејни спомени кои остануваат засекогаш.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г