За првпат мајка на 70 години: Индијка стана една од најстарите „новопечени“ мајки во светот
Индијка го роди своето прво дете на возраст од седум години и една од најстарите новопечени мајки во светот откако таа и сопругот (75) зачнаа син преку ИВ.
Хивунбен Рабари од Индија, стана мајка на 70 -годишна возраст, овој месец, раѓајќи син преку ин витро оплодување. Таа долго време се обидувала да роди дете со својот 75-годишен сопруг Малдахари.
Жена која тврди дека има седумдесет години го роди своето прво бебе, со што стана една од најстарите мајки во светот.
Хивунбен и нејзиниот сопруг Малдахари се во брак 45 години и веќе долго време се обидувале да добијат дете. Двојката од малото село наречено Мора, во државата Гуџрат, го поздрави својот првороден син овој месец!

Хивунбен им рече на новинарите дека нема лична карта за да докаже дека има 70 години.
- Кога првпат дојдоа кај нас, им рековме дека не можат да имаат дете на таа возраст, но тие инсистираа. Тие рекоа дека многу членови на нивното семејство го направиле истото - изјави д -р Нареш Банушали.
- Ова е еден од најретките случаи што сум ги видел - додаде докторот.
Се верува дека најстарата родилка за првпат, има 74 години - Мангајама Jарамати, која роди близнаци во септември 2019 година, исто така преку ин витро оплодување.
Нивниот татко имаше 82 години, но за жал почина оваа година на 84 -годишна возраст, оставајќи ја сама да се грижи за своите девојчиња.
извор:srbijadanas.rs