Замина во легендите: Почина српскиот актер Горан Даничиќ

Добивај вести на Viber

Актерот Горан Даничиќ почина ненадејно во средата во Белград на 58-годишна возраст. Даничиќ беше погребан во четвртокот напладне во најблискиот семеен круг

Една од неговите незаборавни улоги беше улогата на телохранителот Озрен Солдатовиќ Роки, кој го играше Душан Голумбовски, во серијата „Среќни луѓе“.

Имено, Горан го замени неговиот колега Богдан Кузмановиќ, кој претходно го играше славниот Роки и со оваа улога успеа да се издвои пред публиката.

Играше во сериите „Среќни луѓе“, „Село гори, а баба се чешла“, „Ранет орел“, „Грев на нејзината мајка“, „Црна Груја“, „Santa Maria della Salute“.


Фото: Youtube/printscreen