Приказни,
Настани,
Филм
(ВИДЕО-ФОТО) БЕТИ ВАЈТ: „Тајната на долг живот се вотка, хот дог и пржени компирчиња“
Освен што работи со полна пареа, го јаде и пие она што го сака, Вајт вели дека за нејзинот долг живот е заслужен и оптимизот.
-Знам дека звучи старомодно, но секогаш настојувам да ја видам смешната страна на се што е добро и лошо. Брзо ми досадат луѓе кои се жалат на се, тоа е такво губење на време-рекла Бети по повод нејзиниот роденден.
Вајт, која со текот на долгата и богата кариера работела со некои од најголемите имиња во шоубизнисот, уште има еден неиполнет сон.
-Мислам дека би била многу добра идеја да глумам со Роберт Редфорд-кажала Вајт на која сопругот Ален Луден и почнал во 1981 година од рак. Сама никогаш немала деца, но е маќеа на трите деца на Луден.
После тоа не се мажела бидејќи, како вели, „ако си го имала најдобриот, што ќе ти е било кој друг?“. Но, Бети не е срамежлива кога се во прашање мажите. Неодамна изјавила дека сака „постари мажи“ а многумина насмеа со својата реакција гостувајќи во емисијата на Конан О'Брајан, кога покрај неа седеше Џејсон Момоа (38).
https://www.youtube.com/watch?v=ljz5uqYt2Xk
Бети е позната по тоа што сака да се шегува на сопствена сметка, па во 2011 со Луциана го запеа нејзиниот сингл 'I'm Still Hot'.
https://www.youtube.com/watch?v=dEh_asEffoQ