Култура // Настани
„Гответе насмеани“ промотивно пред публиката
- Во време кога сите сакаат да зготват нешто на брзина, создадов готвач во којшто се водам од мотото - Минимален труд за максимално задоволство. Изминатава година и половина секојдневно работев за да направам селекција на најдобрите рецепти и да ги спакувам во една убава книга, која се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на готвењето, а воедно и на сите оние кои допрва ќе започнат да експериментираат во кујната, вели Панчевски.
За време на промоцијата, посетителите ќе имаат можност да се дружат и да разменуваат совети со Давор, да купат готвач со посвета, а воедно и да вкусат и дел од неговите специјалитети.