Животна училница // Приказни
Македонија рај за турбофолк, нашите пејачи немоќни
Ако не сакаме наши пејачи и ништо наше не чини, тогаш која е поентата на постоењето на една земја, прашува Кристина Арнаудова[/caption]
Кристина Арнаудова која секогаш отворено зборува на оваа тема, нагласува дека мора да се изнајде начин да се стави крај на систематското уништување на националниот идентитет.
- Ако не сакаме наши пејачи и ништо наше не чини, тогаш која е поентата на постоењето на една земја – вели популарната пејачка.
Таа прашува зошто македонските изведувачи би се труделе да промовираат квалитетна музика, ако луѓето нема каде да ја слушнат. Арнаудова смета дека многу државни пари непотребно одат кај хрватски и српски пејачи.
- Ако може хонорар за странски изведувач без проблем да биде од 20.000 до 100.000 евра, како тоа за македонските максимум е 1.500 евра? Се прашувам по кој критериум – револтирано зборува Кристина.
Според неа, клучната поента е што сè уште никој не пробува да го најде коренот на проблемот.
- Тоа се работи кои државата мора да ги регулира наспроти мислењето дека истата не треба да се меша. Напротив, некои работи треба точно да се регулираат по примерот на Хрватска, Грција, Италија или Франција. Не знам дали ќе се најде јунак. Од друга страна, телевизиите презентираат неверојатна мрзеливост за продукција на сопствена програма. Не гледам решение во брзо време. За жал – објаснува пејачката.
[caption id="attachment_12049" align="aligncenter" width="640"]
Панчо: Квазипромотерите заработуваат, ама не може на национален празник да ни пее некој што пропагира ужасно некреативна музика[/caption]
Дискриминиран како музичар и уметник се доживува и Панчо од аренби-дуото „ДНК“. Тој е убеден дека сите негови колеги ја имаат истата мака, но дека континуирано молчат.
- Секогаш сум на тапет и неретко навредуван од публиката бидејќи немам влакна на јазикот кога станува збор за турбофолк. Квазипромотерите
Дани: Музичарите се тие кои треба да извагаат дали ќе прават музика за брзи пари или музика за сите срца да станат едно[/caption]
За Дани Димитровска во секоја ситуација не постои една одговорна страна. Вели дека организаторите пробуваат да задоволат широка маса поради брза заработувачка игнорирајќи ја одговорноста за подигнување на музичката културна свест во земјава.
- Немам очекувања тоа да се смени, нивната цел се пари. Музичарите се тие кои треба да извагаат дали ќе прават музика за брзи пари или музика за сите срца да станат едно. А, таа музика не носи брзи пари. Ама и да се биде музичар си носи одговорност за широка маса, нешто ко етика кај докторите ќе му дојде тоа. Кој е свесен, држи до себе, кој не, има за цел само да заработи и да се грижи единствено за себе. Е, сега трета страна е балканскиот менталитет, култ