Настани,
Настани
МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА ЕКОТИП СТАНА ОВЛАСТЕН ЗАСТАПНИК НА ПОЗНАТИОТ ШВЕДСКИОТ БРЕНД ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОДА BLUEWATER
“Горди сме што започнавме соработка со Bluewater, компанијата е компатибилна со нашата развојна политика и филозофија, започнувајќи од основните човечки потреби и право за чист воздух и вода, овие премиум производи се ефикасни и иновативни во сферата на прочистувањето, лесни се за употреба во домаќинствата. Брендот нуди филтрација на вода и за канцеларии за поголеми компании. Моментално најбаран уред од брендот за домашна употреба е Bluewater Cleone Balance. Сите модели на Bluewater ќе бидат достапни на нашата нова интернет продавница filtracija.mk како и во нашата концепт продавница во Скопје Сити мол.
Екотип е компанија присутна повеќе од 20 години како лидер на пазарот во Македонија, која се занимава со филтрација на воздух и течности и има многу референци во различни производствени процеси во сите индустрии. Со оваа соработки во областа на прочистувањето за домашна употреба Екотип се проширува и го заокружува секој сегмент во филтрацијата, а соработката со Bluewater ќе биде и надвор од границите на Македонија.